Конститутивната седница на Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина продолжи денеска во Сараево.
Седницата започна во ноември минатата година, кога пратениците избрани на општите избори во октомври, положија заклетва и за претседавач на Домот го избраа Елвир Карајабиќ од Социјалдемократската партија на БиХ.
Останува на денешното продолжение на седницата да бидат изберани уште двајца потпретседатели, како и работни тела на Домот.
Предвидено е по оваа седница, денеска да биде одржана уште една, вонредна, а на нејзиниот предложен дневен ред е буџетот на Федерацијата БиХ за 2019 година.
Во пресрет на денешата седница, пред Парламентот се собра група од повеќе десетици поранешни бранители.
Тие бараат воведување на редовен месечен додаток за бранителите, објавување на единствен регистар на борци и прекин на финансирањето на исклучително големиот број здруженија на ветерани во Федерацијата БиХ.