Општина Валандово, во улога на организатор, на годинашново 34. издание на фестивалот на новосоздадени македонски народни песни „Фолк фест Валандово“, денеска го распиша меѓународниот конкурс на кој до 15. февруари можат да се пријават сите домашни и странски автори.

Годинава на „Фолк фест Валандово“, што традиционално се одржува последната недела од месец мај, ќе бидат презентирани 20 нови народни песни во една ревијална и една натпреварувачка финална вечер.

На фестивалот ќе бидат доделени осум парични награди, и тоа за прво место – износ од 1.500 евра, за второ – износ од 1.000 евра и за трето место – 750 евра, како и наградите за најдобра вокална изведба, најдобар аранжман, најдобар дебитант, најдобар текст и најдобар сценски настап, сите вредни по 500 евра.

Главен покровител на валандовскиот „Фолк фест 2019“ е Министерството за култура на Република Македонија.