Ратификацијата на договорот од Преспа во грчкиот парламент ќе се гласа на 21. или 22. јануари , дознава Телма од дипломатски извори.
Неофицијално, се очекува со мнозинство од 151 пратеник, да и биде изгласана доверба на владата на премиерот Алексис Ципрас, а веќе во понеделник или во вторник на дневен ред, пред грчките пратеници да се најде ратификацијата на Договорот за името.
Изворите на Телма велат дека е очекувано Договорот за името да биде ратификуван и со повеќе од 151 глас.
Премиерот Ципрас, претходно кажа дека прво ќе се ратификува Договорот за името, а дури потоа во грчкиот парламент ќе се најде протоколот за членството на Македонија во НАТО.
Откако Грција ќе ги ратификува двата документи, ќе почне да важи Договорот за името.