Заврши поставувањето на нова термичка фасада на Гимназијата „Јане Сандански". Проектот е реализиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД во соработка со општина Струмица и училиштето.

Во финансиската конструкција американската агенција учествуваше со 1.068.928 денари, а општина Струмица со 126.600 денари.

-Поставувањето на новата термичка фасада е во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, што опфаќа три компоненти, меѓу кои и стимул за училиштата – реновирање, информираат од општина Струмица.

Додаваат дека со потпишувањето на Меморандумот за соработка, во октомври, лани меѓу општина Струмица, УСАИД, Македонскиот центар за граѓанско образование и училиштата вклучени во компонентата за реновирање и со реализацијата на овој проект, општина Струмица уште еднаш потврдува дека иницира и ги поддржува сите проекти со кои се подобруваат условите во основните и средните училишта.