Стефан Русески беше најсреќен меѓу 20-тината верници што денеска скокаа по светиот крст во Вевчанските извори.
Седумнаесетгодишниот вевчанец скока по четврти пат, но годинава имаше среќа прв пат да стигне до светиот крст.
Тој очекува, среќна и бериќетна година, исполнета со здравје и духовен мир.
– Годината да ми биде исполнета со здравје, среќа, духовен мир и убави моменти за мене и моето семејство, изјави Русески за МИА по фаќањето на светиот крст.