Дваесет и седумгодишниот Дарко Илов по втор пат го фати светиот крст во Црна Река кај Росоман.

– Здравје, среќа и бериќет, посака Илов, кој претходно повеќепати се обидел да го фати крстот за Водици.

Илов доби икона од црквата, смарт телевизор од општината и други подароци од кумовите и спонзори.

По светиот крст скокнаа 33 росоманци од кои најмладиот имаше 14 години.