Седумнаесетгодишниот Дарко Недев го фати крстот во водите на реката „Луда Мара“ во Кавадарци.
„Првпат се обидов и успеав. Многу сум среќен поради тоа. Посакувам многу здравје за сите“ - порача Недев, кој беше најсреќен од 20-тина кавадарчани кои скокнаа по крстот.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев им посака плодна и бериќетна година на граѓаните.
„Денеска Бог се јави. Го одбележуваме Христовото крштевање. Тоа е голем симбол за нашата вера. Му честитам на јунакот што го фати крстот“ - рече Јанчев.