Симон Попески го извади светиот крст од водите на Преспанското Езеро што денеска напладне беше фрлен во Отешево.

Попески, кој има 28 години деветти пат скока по светиот крст, а прв пат го фаќа.

Во изјава за МИА тој посочи дека очекува среќна и успешна година, исполнета со здравје.

-Ова е голема радост за мене. Очекувам успех, бериќет и здравје во текот на целата година, рече Попески.