Гевгелиската територијална противпожарна единица изминатата година интервенирала 141 пат при пожари, што се случиле на териториите на општините Гевгелија, Богданци и Дојран.

Најголемиот број пожари, 104 се случиле на отворен простор, при што била опожарена површина од 33,5 хектари, 29 пожари биле на објекти, а седум се случиле на сообраќајни средства и возила.

Во годишниот извештај на ТППЕ Гевгелија се наведува дека дури кај 105 пожари причината за предизвикување е невнимание, додека кај 36 причината е во човечкиот фактор.

Податокот што 64 од пожарите се случиеле во месеците септември и октомври, командирот Раде Котески го објаснува со продолженото лето и надпросечните дневни температури во споменатиов период.

Со програмата за вработување на општина Гевгелија годинава предвидено е вработување на уште четворица пожарникари со што, смета командирот Котески, единицата целосно ќе биде кадровски и технички екипирана, за да може оптимално да одговори на задачите.