Општина Валандово ги почна активностите од првата фаза за инфраструктурно уредување на индустриската зона кај селото Јосифово.

Надлежните општински служби информираа дека во оваа прва фаза предвидено е инсталирање на фекална и атмосферска канализација, како и тампонирање на сите улици низ индустриската зона.

Втората фаза, посочија од општината, опфаќа инсталирање на водоводна мрежа, поставување на улично осветлување и асфалтирање на сите улици во индустриската зона „Јосифово“.

Зоната комплетно треба да биде уредена до крајот на оваа година и ќе ја чини општина Валандово 5,5 милиони денари, што ќе бидат обезбедени од сопствениот буџет