Општина Кочани објави конкурс за доделување стипендија на спортист – спортска надеж за остварени спортски резултати и достигнувања во 2018 година. Право да конкурираат за финансиската поддршка имаат спортисти кои се жители на општината и се на возраст од 17 до 20 години, при што треба да се членови во спортски клуб, друштво или асоцијација што е регистрирана во Агенцијата за млади и спорт со решение за вршење дејност спорт.
– За можат да конкурираат потребно е кандидатите да се учесници на национални или на меѓународни систем-натпревари во борење, велосипедизам, гимнастика, карате, кошарка, скијање, тенис, триатлон, фудбал и шах – истакна Голубина Георгиева од општина Кочани.
Месечниот износ на стипендијата е 3.000 денари, а таа се доделува за период од шест месеци, односно од април до септември.