Општина Кичево со апел за сите физички и правни лица кои поседуваат имот на територијата на општината, а за што не е извршено оданочување, врз основа на Законот за даноците на имот се задолжуваат да поднесат даночна пријава до крајот на јануари.
Апелот се однесува за имот со кој се стекнале или почнале да го користат во текот на 2018 година, за што не е поднесена даночна пријава, во кој е настаната промена на сопственоста на податоците опфатени во даночната пријава која претходно била поднесена, а има влијание во висината на даночната обврска.
– Доколку даночниот обврзник не поднесе даночна пријава во одредениот рок, ќе се постапи врз основа на одредбите што ги предвидува Законот. За негативните последици како парична казна, дополнителни трошоци и други давачки што евентуално може да настанат, ќе ги сноси странката – велат од општина Кичево.