Волонтерите од кумановската организација на Црвен крст на Македонија денеска поделија хуманитарни пакети на дванаесет семејства од високите плансински села од Козјачијата во Oпштина Старо Нагоричане (Буковљане, Длабочица, Дејловце, Цветишница, Рамно и Арбанашко).

– Црвен крст на Македонија – oпштинска организација Куманово ќе продолжи да ја следи ситуацијата во овие села во кои во зимскиот период може да се стигне исклучиво со теренски возила и доколку се јави потреба повторно ќе излезе на терен за дистрибуција на хуманитарна помош, соопштија од кумановскиот Црвен крст.

Општинската организација на Црвениот крст Куманово, минатата година дистрибуираше 350 прехранбени пакети и околу 2.000 килограми облека и обувки за социјални ранливи категории граѓани. Дел од помошта е дистрибуирана и на жителите од планинските села.