Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин, денеска се сретна со претставници од Здружението на глуви и наглуви на Град Скопје.

На средбата, како што информираат од Општината, се зборуваше за проблемите и предизвиците со кои се соочува оваа група граѓани, како и за можностите за соработка на Здружението со Општина Аеродром.

Општината во наредниот период ќе ги разгледа барањата од Здружението, како што се отворен ден во нивната институција за глувите и наглувите граѓани, со придружба од толкувач на знаковниот јазик, обезбедување толкувач за време на родителските средби во основните училишта, како и ослободување термини за спортување во спортските сали во рамките на училиштата.

На територијата на Општина Аеродром живеат околу 30 лица со оштетен слух, од различна возраст, информираат од Општината.