-Македонија не е една и грчка. Има повеќе Македонии. Македонија на другиот која цврсто се определува во Букурештанскиот договор со нашиот-грчки потпис.
Кога го слушаме извикот: „Македонија е една и грчка!“ се возприема како иредентизам, како непочитување на меѓународните договори на земјата.
Може и да не звучи добро, но тоа е вистината. Грчката Македонија е грчка и да сум појасен стана грчка. Затоа што по население Македонија до 1912/1913 и 1921/1922 кога дојдоа бегалците (од Мала Азија) немаше грчко мнозинство, само одредени зони на југ.
Значи стана грчка со размена на население преку тешките настани кои ги преживеавме и ние но и други народи во регионот.
Ако тоа е така, согрчкиот потпис, а не со моето тврдење тука, кон што водат извиците: „Македонија е една и грчка!“? Со кого си играме мајтап? Со самите себе? , рече денеска во грчкиот парламент пратеникот Никос Филис.