Со цел да се поттикне свеста за електромобилноста како дел од мерките за намалување на аерозагадувањето денеска во Скопје ќе се одржи настан „Ден без возила на фосилни горива“.
Иницијативата е покрената од страна на „Прокредит банка“ и поддржана од Министерството за животна средина, општина Карпош, ЕВН, МЕПСО, компанијата „Порше“ како и компании кои имаат сопствено искуство во возење на електрични/хибридни автомобили.