Снегот кој синоќа врнеше непрекинато со променлив интензитет во Кичево и кичевско за сега не предизвикува поголеми тешкотии. Локалните патишта редовно се чистат од фирмите задолжени за одржување, а олеснителна околност преставува тоа што утрово врнежите престанаа.
-Новата снежна покривка во градот во овие моменти е околу десетина сантиметри, но, во руралните места дебелината е двојна поголема, но сепак патиштата се проодни и до највисоките подпланински рурални места, каде со навремена реакција на надлежните екипи собраќајот се одвива во зимски услови и се разбира дека е препорачливо внимателно возење, вели Емин Насуфи од општина Кичево.