Во насока на подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата Секторот за внатрешни работи Охрид изминатиот викенд спроведе засилени акциски контроли.
Притоа полициските службеници извршиле контрола на 179 патнички и други моторни возила (Охрид-38, Струга-43, Кичево-48 и Дебар-50), при што се алкотестирани 109 возачи (Охрид-27, Струга-30, Кичево-33 и Дебар-19). Кај десет од нив било констатирано присуство на алкохол во крвта (Охрид-2, Струга-1, Кичево-4 и Дебар-3), поради што истите се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи. Полициските службеници евидентирале и десет случаи на пречекорување на брзината на движење во населено место.
Во рамки на акцијата полициските службеници издале вкупно дваесет мандатни платни налози (Охрид-2, Струга-12, Кичево-4 и Дебар-2), како и вкупно 13 барања за поведување прекршочна постапка (Охрид-2, Струга-4, Кичево-4 и Дебар-3).