Од Регионалниот центар за управување со Кризи – Велес, за МИА информираат дека денеска, според мерењата на УХМР, нивото на реката Вардар кај Мало Мовче во Велес, изнесува 84 сантиметри, што го урива јануарскиот просек од 82 сантиметри.
Тие појаснуваат дека вчера, нивото на Вардар во Велес изнесувало 75 сантиметри, што значи дека нивото за еден ден, од вчера до денес, било зголемено за девет сантиметри, што е резултат на топењето на снегот и врнежите од дожд.
Имено, според мерењата на УХМР, лани, нивото на Вардар во Велес бил во просек до 70 сантиметри, а имало денови кога биле измерени и минимални 65 сантиметри.