Да се отпишат долговите за комунални услуги постари од три години за росоманчани. Ваква одлука донесе попладнево Советот на општина Росоман, на предлог на советникот Атанас Стојанов.
Беше одлучено до 25 кубни метри потрошена вода за пиење, да се плаќа по 15 денари од кубик, а тоа што ќе се потроши над оваа количина, да се плаќа по дупла цена за кубик.
Расправајќи по Предлог-програмата за уредување на градежно земјиште, Стојанов побара канализирање на водите од петте чешми од отворен тип од шопско маало, а предлогот беше прифатен од градоначалникот Бранко Јанев.