Сообраќајот на патниот правец Валандово – Удово, пред клучката кај Калковска Река, се одвива со повремени прекини поради вода и наноси од земја на коловозот, информира ЈП Македонијапат.
Оттаму посочуваат дека нивните екипи работат на расчистување на наносите и нормализирање на сообраќајот.