Три приоритетни проекти ќе реализира Општина Гевгелија со грантот од 2,5 милоиони евра на германската КФВ банка. Од шесте проекти што се планираат во општината, гевгелиските советници одлучија приоритет да биде комплетно инфраструктурно уредување на трите станбени населби преку изградба на водоводни инсталации, како и атмосферски и фекални канализации.
-Со активности на тој план ќе бидат опфатени сите улици во станбените населби Караорман, Мрзенски рид и Касарна, како приоритетни. Покрај нив со пари од германскиот грант треба да бидат изградени водоводни линии од новиот водоснабдителен систем кај Мрзенци до селата Негорци и Прдејци, како и да се санира водоводната линија до граничниот премин „Богородица“ и истоименото село, која е целосно застарена, појаснија од Општина Гевгелија.