Почнувајќи од 04.02 и се до 14.02 се организира хуманитарна акција со која ќе се собираат чевли кои се во добра состојба и ќе можат да се реупотребат. Истите ќе бидат донирани на Регионалниот центар за лица со интелектуална попреченост -ПОРАКА.

„Оваа хуманитарна акција организирана од наша страна е со цел да ја РАЗБУДИМЕ ХУМАНОСТА, да Ве потикнеме на подарување и заедно да успееме да помогнеме онаму каде што е потребно.

Чевлите собрани од оваа наша прва акција од ваков тип ќе бидат донирани на социјално загрозените лица при Републичкиот центар за лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА.

Акцијата ќе трае од 04.02-14.02 2019 година. Ваучерот со намалување ќе може да го искористите до 01.03.2019 година.

Ваша задача е да ги селектирате чевлите кои се добра состојба и да ги донесете во нашиот салон ДИАС кој се наоѓа на ул. Васил Главинов бр.1 -1/7 (зградата на Тифани, центарот на Скопје) и со тоа добивате ВАУЧЕР ЗА НАМАЛЕНИЕ од 40% за готовите модели и 20% за дизајнираните чевли.

Услови за донирање на чевли:

• Може да се донира машки и женски: чевли, патики, чизми. • Да се чисти, да НЕ се оштетени или уништени. • Да се во прилично добра состојба и употребливи. • Да се за возрасни. Да се на НИСКА ПЕТА. • Да опфаќаат броеви од 36 – 46

Напомена – Оние чевли кои нема да ги исполнуваат наведените карактеристики нема да бидат замени во предвид.“ - стои во соопштението на Dias.