Во гостиварските села Чегране, Форино и Равен почна уписот на деца од предучилишна возраст во една градинка и два центри за ран детски развој.

Од Секторот за јавни дејности во Општина Гостивар информираат дека до 15 февруари ќе се примаат пријави за запишување деца на возраст од две до шест години во детската градинка во село Чегране и за деца на возраст од три до шест години во центрите за ран детски развој во селата Форино и Равен.

Уписот на децата се врши во седиштето на ЈУДГ „Детстка радост“, што се наоѓа на улица „Беличица“ во Гостивар.