Набавена е нова опрема во три детски игрални во неготинските села Криволак, Пепелиште и Тремник, што функционираат во рамките на градинката „Фемо Кулаков” од Неготино. Станува збор за набавка на клима уреди, мијалници, бојлери, шпорети и фрижидери, работни маси, висечки шкафови и прибор за храна во секоја игрална поединечно, а обезбедени се со средства од општина Неготино, во вредност од 698.705 денари.

– Со новата опрема ќе се создадат услови за обезбедување поквалитетни услови за престој на околу 70 дечиња кои престојуваат во овие три игрални и можност нивниот престој од полудневен да се трансформира во целодневен, изјави директорката на градинката, Јана Коцева.

Секретарот на општина Неготино, Ивица Златковиќ истакна дека покрај набавената опрема, следуваат и градежни работи за проширување на постоечките игрални и создавање уште подобри услови за престој на дечињата.