Директорот на претрпијатието Иван Клечкароски посочи дека таквиот отпад граѓаните ќе може да го остават покрај контејнерите за одлагање комунален отпад само во среда наутро.

– Депонирањето градежен шут, гранки, делови од стар мебел и слично е забрането покрај контејнерите за одлагање комунален отпад и на јавните површини. Стружани за да се ослободат од овие материјали ќе им биде дозволено нивно оставање покрај контејенрите само во среда, во раните утрински часови, појасни Клечкароски.