На погрешно паркираните согласно членовите 63 и 66 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата им биле изготвени мандатни платни налози при што глобата се движи од 45 до 180 евра во денарска противвредност или впишување на 25 до 40 негативни поени.
Погрешно паркираните возила што биле оставени на недозволени места и го попречувале нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот биле подигнати од „пајак-службата" и транспортирани на наменски определено место во кругот на противпожарната единица во Тетово.
Најголемиот број од овие прекршоци лани се однесувале на паркирање на пешачки премини, на тротоари, во зелени површини, во таканаречени двојни редови, на крстосници, мостови и на други места.
Во текот на јануари годинава вкупниот број на прекршоци во однос на погрешното паркирање изнесувал 273, а од полицијата најавуваат зголемени контролни активности за февруари во централното тетовско подрачје и особено на булеварите „Маршал Тито" и „Илинденска".