Во рамките на првата генерација на Generation Unlimited – Младинскиот предизвик на УНИЦЕФ, имплементиран од Здружението на граѓани СмартАп, а во организација на тимот СПЕС - еден од 5 -те тимa кои добија шанса да ја реализирааат својата идеја за борба против меѓуврсничко насилство се организира.
Креативна графити работилница со паралелна панел дискусија во која ќе бидат вклучени средношколци, артисти, психолози и инфлуенсери, со цел да се да се подигне свеста против меѓуврсничкото насилство меѓу средношколската популација
„Тимот СПЕС е дел од првата генерација на Generation Unlimited – Младинскиот предизвик на УНИЦЕФ, имплементиран од Здружението на граѓани СмартАп и сме еден од 5 -те тимa кои добија шанса да ја реализираат својата идеја за борба против меѓуврсничкото насилство во средношколската средина. Нашата идеја е преку уметноста, односно со цртање на графити (мурали), да се испратат пораки во правец на подигнување на свеста против меѓуврсничкото насилство во училиштата за средно образование. Паралелно со оваа активност, планирана е и реализација на панел дискусија со артисти, психолози, инфлуенсери кои имаат големо влијание врз младите во Република Македонија.“ - стои во соопштението на СПЕС.
Проектот „Generation Unlimited – Младински предизвик“ кој се случува во 16 различни земји во светот, во Македонија има за цел да поттикне млади иноватори кои ќе дизајнираат идејни прототип решенија на темата “Како може да го прекинеме насилството врз и меѓу децата (#ENDViolence)?”.
Повеќе информации може да најдете на www.genunlimited.mk
Главната работилница ќе се оддржи на 9-ти февруари, во просториите на С.У.Г.Г.С. „Здравко Цветковски“, каде учество ќе земат над 100 учесници, стручни соработници, партнери, претставници од медиумите, ментори и други подржувачи на проектот.
Своето учество на „Креативна графити работилница со паралелна панел дискусија“ го потврдија: - Атина Томовска, директор на СГГУ „Здравко Цветковски“, Скопје; Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во нашата земја.
- Социјални работници: д-р Димитринка Јорданова Пешевска, Доцент на детска, адолесцентна и здравствена психологија и советување, Универзитет Американ Колеџ, Скопје; Владо Караев – МТСП, социјален работник и активист против насилство; м-р Светлана Војновска – социјален работник, ЈУ за згрижување деца со воспитно социјални проблеми
- Психолози и педагози: Ивана Здјелар училишниот дефектолог во СГГУСГ „Здравко Цветковски“; Јасмина Бошева училишниот педагог во СГГУСГ „Здравко Цветковски“; Ана Попризова, психолог и професор во СУГС „Орце Николов“; Маја Војновска, педагог во СУГС „Јосип Броз Тито“ Скопје; Светлана Аспровска Тодоровиќ, психолог во СУГС „Георги Димитров“ Скопје
-Инфлуенсери: Ивана Балабановска - Beatrix Crew; Милош Б. Андоновски - театарски режисер и професор; Александра Трпеска (Majestic) – блогерка; Теа Трајковска - естраден уметник.
- Конект Фестивал: Филип Цветков и Ана Дојчиновска.
- Графити артисти: Давид Ристевски (Dreadpen); Никола Димов (Nikola аrt house); Теодор Петровски (snakegraff); Бодан Костов (Боц); Давид Стоилковски; Марко Лазов и Матеј Петковски.