Во Велес ќе се урбанизира просторот над црквата „Св. Спас“ со нови парцели за индувидуални куќи, каде што живеат Ромите.
Градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција информира дека преку програмата „РОМАКТЕД“ на ЕУ преку своите фондови наскоро ќе има повик за Општините, а каде што има концентрација на етнички Роми, со можност да аплицираат за проекти.
Тој појасни дека станува збор за изготвување детални урбанистички планови, за урбанизирање на подрачјата каде што живеат Роми, а за општините што веќе имаат готови инфраструктурни проекти.
-Ние веќе имаме два готови проекта што треба да ги аплицираме во Владата на Р. Македонија, а во една друга програма за бетонирање на пристапни сообраќајници до делови од градот каде што живеат Роми. Ние размислуваме за урбанизација на дел од градот, а на ридот после црквата „Св. Спас“ каде што Ромите градат куќи.Таму планираме да изградиме инфраструкура и парцели каде што ќе можат да градат урбанизирани индивидуални објекти, појасни Коцевски.
Градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција информира дека вчера остварил средба со делегација на Советот на Европа и асоцијацијата „Сонце“ кои ја спроведуваат програмата „РОМАКТЕД“преку која ќе се реализираат повеќе проекти во соработка со Општина Велес.
Инаку, Советот на Општина Велес оваа програма ја усвои на својата минатонеделна 28-ма седница,
Коцевски информира дека со претставници на ромската заедница вчера разговарал за досегашните и идни активности на Општина Велес, а во активностите за негување на културата,традицијата и обичаите на Ромската заедница во Велес.
-Овој проект на програмата „РОМАКТЕД“ дава широки можности и се надевам на добивање финансиски средства, а со кои ќе можеме заедно да реализираме поголем број на проекти за Ромската заедница во градот, најави Коцевски.