Во Општина Кисела Вода денеска се одржа предавање за функционирањето на „Црвен крст“.
Димче Миланов, волонтер на „Црвен крст“, дел од вработените во Општината ги запозна со целите и активностите на Организацијата од нејзиното формирање па се досега.
Од Општина Кисела Вода информираа дека, на предавањето присутните имале можност да добијат одговори на прашањата за кои се интересираа, а воедно и да дадат предлози за подобрување на работењето на Организацијата.
– Изминатиов период Општина Кисела Вода во соработка со „Црвениот крст“ има спроведно повеќе успешни крводарителски акции, кампањи и проекти, истакнаа од Општината.