Општина Гостивар преку писмено соопштение вечерва информираше дека утре напладне ќе одржат вонредна седница по повод трагичката сообраќајна несреќа која се случи вечерва на патот Скопје-Тетово.
На седницата се очекува советниците да донесат одлука за тридневна жалост во знак на почит кон загинатите.
Општина Гостивар на семејствата на загинатите им изрази сочуство, а на преживеаните што поскоро опоравување.