Тања Фајон, известувач на Европскиот парламент за Косово денеска изрази надеж дека прашањето за продолжување на дијалогот Белград – Приштина и визната либерализација за Косовците ќе бидат решени за време на тековниот мандат на ЕП.
– Навистина се надевам дека дијалогот меѓу Белград и Приштина и либерализацијата на визниот режим за државјаните на Косово ќе бидат решени во овој мандат на ЕП. Овие две прашања, наместо да бидат решени, се блокирани, изјави Фајон.
Таа ги повика одговорните да преземат активности во тој правец,
Од 23 до 26 мај ширум Европа ќе се одржат избори за нов состав на Европарламентот, кој по излегувањето на Велика Британија ќе брои 706 пратеници.