Градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, денеска изрази сочувство до семејствата на загинатите во трагичната собраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје – Тетово.
-Дозволете ми од мое лично име и од името на граѓаните на Општина Кичево, да го упатам моето искрено жалење и длабоко сочувство до сите членови на семејствата на настраданите на трагичната собраќајна несреќа и нивните пријатели. Во овие моменти, знам дека не постојат зборови кои може да ја намалат загубата во вашите семејства, но со споделувањето на чувствата се споделува и тагата, вели Дехари во изразите на сочувство упатени до семејствата чии членови ги загубија животите во трагичната несреќа.
Сите културни и спортски манифестации кои беа предвидени за денеска и утре во Кичево се одложени.