Планираните настани кои за денеска беа најавени во општините Делчево и Берово се откажани, а знамињата се на пола копја.
Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, изрази најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа што вчера се случи на автопатот Скопје -Тетово и во која животот го загубија 14 патници, а седуммина се во критична состојба.