Полициски службеници на СВР-Битола во текот на вчерашниот ден извршиле контрола на 373 возачи и возила во градот.
Портпаролот на СВР-Битола Сања Стаматова информира дека во полицискиот билтен евидентирани се 22 сообраќајни прекршоци на возачи кои го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, осум возачи возеле без возачка дозвола, а кај четири за време на контролата е откриено дека возеле под дејство на алкохол.
-Возачите кои возеле под дејство на алкохол и без возачка дозвола, беа исклучени од сообраќај, а во текот на денот збирно 11 возачи се писмено опоменати, 56 возачи добија мандатни патни налози и изготвени се 19 прекршочни налози. За време на сообраќајните контроли полициските службеници регистрираа и 80 други сообраќајни прекршоци, потврди Стаматова.
СВР-Битола продолжува со редовни сообраќајни контроли за поголема безбедност на улиците, сообраќајниците и пешачките премини во градот.