Јавното претпријатие „Камена Река” од Македонска Каменица од понеделник ќе продолжи со одржувањето на личната хигиена на градските улици. За таа цел како што информира директорот на „Камена Река” Влатко Андоновски, одржувањето на личната хигиена во градот ќе се одвива според однапред утврдениот распоред на претпријатието.
– Одржувањето на личната хигиена на градските улици во Македонска Каменица ќе продолжи во текот на наредната недела. Од понеделник до петок ќе бидат опфатени неколку улици, така што во понеделник ќе се чисти на потегот на на улиците „Осоговска” и „8 Септември”, во вторник ќе се чисти подрачјето на улиците „Јаков” и „Мирче Ацев”, додека од среда до петок ќе се чистат улиците „Церска” и „Каменичка”, вели Андоновски.
Додава дека чистењето ќе се врши во соработка до Територијалната противпожарна единица чии водни ресурси ќе бидат искористени за отстранување на градежниот материјал кој се наталожил како резултат на зимското одржување на улиците во градот.
Од претпријатието апелираат граѓаните од споменатите улици во наведениот период од 18 до 22 февруари да ги отстранат своите возила од коловозите со цел акцијата да биде успешно спроведена без притоа да настанат несакани оштетувања на возилата на луѓето кои живеат на овие улици.