Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“ почна со градежните активностите за поставување ново улично осветлување на улицата „Младинска“, една од најдолгите во градот. Во овој зафат ќе бидат поставени 47 нови бандери со исто толку ЛЕД арматури со јачина од 80 вати.
Според директорот Митко Бујуклиев, комплетната замена на старото со ново улично осветлување ќе се изврши во должина од 1,5 километри.
Општина Струмица и Јавното претпријатие ќе продолжат со подобрувањето на уличното осветлување и на други локации во градот и населените места, а неодамна беше поставено ново и модерно осветлување во Големиот градски парк.