Започна пријавувањето за планинарскиот марш кој на планината Голак на 24 февруари 2019 ќе се одржи во Делчево по повод одбележувањето на 75-годишнината од Февруарскиот поход.

За таа цел, Општина Делчево ги повикува сите заинтересирани граѓани, здруженија, јавни претпријатија, институции, политички партии и други заинтересирани, да земат учеството во традиционалниот планинарски марш со кој се одбележува значаен датум од НОВ.