Компанијата „Х.Ф. Вибе“ ги информира граѓаните на Куманово дека во рамки на реконструкција на железнички коридор 8, делница Куманово-Бељаковце од понеделник, почнува со воведување на времен режим на сообраќај на улицата „Доне Божинов“. Од компанијата информираат дека се обезбедени услови за непречено движење на сообраќјот на возилата и услови за безбедено движење на пешаците.

Од Компанијата велат дека согласно проектот ќе биде направен „тунел“ низ кој наизменично ќе минуваат моторните возила, кое ќе биде регулирано со семафори. По завршувањето на подготвителните работи за имплементацијата на времениот режим ќе биде направен краток прекин на сообраќајот за монтирање на опремата, кој од безбедносни причини ќе се реализира и во координација со сообраќајната полиција од СВР Куманово.

–Со цел, зголемување на нивото на безбедност на пешаците во тек е изработка на обезбедена патека за пешаци која ќе го заобиколи градилиштето и ќе обезбеди слободно и безбедно движење на релацијата без влегување во градилиште или минување низ „тунелот“ чија намена е само за движење на моторни возила, информираат од команијата.

Времениот режим е планирано да заврши до јули, годинава.