Во домот на Душко Георгиевски од делчевското село Илиово денеска се донирани кујнски елементи што се лична донација на делчевскиот градоначалник Горан Трајковски. Ова е четврта донација на Трајковски, кој досега во рамки на своите хумани мисии донираше покуќнина за социјално загрозени семејства во делчевските села Вирче, Тработивиште и Разловци.

-Во домот на Душко Георгиев доделив уште една донација што се состои од елементи за кујна, неопходни за неговиот скромен дом обезбедени од мои лични средства. Со оваа постапка сакам да покажеме дека никој не е заборавен, сочувствуваме со нашите сограѓани и бараме начин да се решаваат проблемите, вели Трајковски.

Георгиев додаде дека ова нема да биде негова последна донација. Вели дека хуманата мисија ќе продолжи кај оние граѓани кај кои ќе биде констатирана потреба од слична поддршка.