На конкурсот за финансирање програми и проекти од областа на културата и спортот за 2019 година во Гевгелија поднесени се 71 апликација. Од општината потврдија дека 44 апликации се за развој на културата, а 27 за спортски активности.
Општината годинава ќе издвои 13 милиони денари од кои со четири милиони денари ќе се поддржат дејностите на културните установи и ќе се поттикнат и други културни активности, а девет милиони денари ќе се инвестираат за поддршка на спортот.