Во атарот на Вевчани вчера изгореле 1.500 костенови насади и 214 ореви, соопшти СВР Охрид. Според полицијата, пожарот се случил околу 14 часот на местото Суво Поле.
– На една парцела целосно изгореле 1.500 костенови и 200 оревови насади, сопственост на фирма, а на втората парцела 14 оревови насади и двесте метри црево од систем за наводнување „капка по капка“, дадени под концесија на фирма од Вевчани, појасни портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Пожарот бил целосно изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга. По овластување на јавен обвинител, извршен е увид на местото на настанот.