За спречување евентуална појава на туларемија, стручни екипи денеска извршија дератизација на канализациската мрежа во Пехчево.
Како што информира директорот на ЈКП „Комуналец“, Горан Ајтарски, дератизацијата се изврши со парафински блок „Бромадиолон“, а опфатени беа 150 шахти.
-Ги применивме сите законски пропишани заштитни мерки околу резервоари, зафати и филтер станицата кои се основен извор за водоснабдување на Пехчево и околните населени места. Заштитена и контролирана е и околината на резервоарите, по што е извршено чистење за заштита од контаминација на глодари, истакна Ајтарски.