Припадниците на СВР Куманово учествуваа на денешната крводарителска акција што се одржа во простриите на полицијата, а ја организираа Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот Крст на Куманово.
Доктор Ефтим Димитровски од Институтот за трансфузиона медицина, рече дека акцијата е успешна и бројот на крводарувањата се движи во рамки на претходно одржаните акции во СВР Куманово.
– Акциите се одржуваат согласно годишниот план, нема недостиг од крв за потребите на пациентите од сите клиники. Нивото на крвни компоненти е на задоволително ниво, овие акции се организираат за да се одржува потребното ниво, изјави Димитровски.
На акцијата учествуваа повеќекратни крводарители и надлежните повикаа секој кој се предомислува да одлучат, да даруваат крв и да станат дел од големото крводарителско семејство.
Инспекторот од СВР Куманово, Аце Тасиќ, даруваше крв 11-ти пат.
– Ова е хумана работа на која и ние од МВР секогаш се придружуваме со паролата – Секогаш со граѓаните, рече Тасиќ.
Ова е прва крводарителска акција во тековната година во СВР Куманово. До крајот на годината ќе следуваат уште две акции во текот на летото и есента.