Советот на Општина Демир Хисар изработи и усвои стратешки документ „Урбанистичка ревизаија за Општина Демир Хисар“, во кој на повеќе од 30 страници се посочени и публикувани интегрирани податоци за повеќе области поврзани со развојот на тамошната општина.
Од Општина Демир Хисар информираат дека документот се изработувал во периодот март-септември 2018 година, а во стручниот дел користена е експертска поддршка од консултанти на Светска Банка.
-Новиот документ е во функција на урбанистичката поставеност и организација на градот и околината чија релјефна структура е исклучително разновидна. И, исто така документот е во функција на проектите за урбан развој на градот, односно проекти кои треба да придонесат за решавање на економски, социјални, еколошки и комунални проблеми. Затоа, велат од Општина Демир Хисар, донесувањето на документот „Урбанистичка ревизаија за Општина Демир Хисар“ е важно бидејќи досега степенот на реализација на актуелните урбанистички планови беше на многу ниско ниво.
Изработката на документот е поддржана од општинската администрација и градоначалникот Марјанче Стојановски.