Биохумусот е органско ѓубре со висок квалитет добиено од арско ѓубре со помош на калифорниски црви. Калифорниските црви арското ѓубре го преработуваат една година.

Процесот се одвива во неколку фази и тоа: Сушење, сеење и на крајот сето тоа се пакува.

Богато е со сите органогени елементи, микроелементи и биоактивни микроорганизми. Погодно е за употреба во органското земјоделие. Се положува во близина на коренот. Притоа не постои никаква опасност од употреба на поголемо количество на ѓубриво бидејки растенијата многу брзо и лесно го апсорбираат.

Биохумус од просечен квалитет содржи: 5 пати повеќе азот, 7 пати повеќе фосфор, 11 пати повеќе калиум и 3 пати повеќе магнезиум од арското ѓубре.

Производството на биохумус од калифорниски црви во иднина ќе станува се поатрактивен семеен агробизнис, поради европскиот тренд за производство на органска храна како и поради квалитетот и предностите кој самиот биохумус го нуди.

Тоа е всушност и основното очекување на производителите, да се поврзат директно со земјоделците кои ќе го користат органско микробиолошко ѓубриво произведено од калифорниски црви во градинарството, овоштарството, лозарството и другите земјоделски гранки.

– Интересот се зголемува секоја година се повеќе од земјоделци кои сакаат да произведуваат поквалитетно, да добиваат повисоки приноси и еколошки производ – вели Владимир Михајловиќ.

Тој со производство на Биохумус во скопско Јурумлери започнал да се занимава пред 5 години, но веќе неколку години бил активно вклучен на фармата на неговиот пријател каде буквално ја учел технологијата и процесите на ова производство.

– За едно четворочлено семејство за да обезбеди егзистенција доволни се 50-100 легла . Но сепак тоа е релативна работа.

Што се однесува до поддршката од државата засега не сме влезени во програмата за субвенционирање. Се надеваме дека со развојот на овој агробизнис како и со поголемото побарување на ова најквалитетно ѓубриво за добивање на еколошки род, ќе добиеме и државна помош.

Сите оние кои што се заинтересирани за биохумусот или пак им е потребен совет може да го контактираат Владимир на телефонскиот број 078-354-588.