– Денешното чистење на дворот на средното училиште „Марија Кири Склодовска" е една од низата акции што ЈП „Комунална хигиена"-Скопје ги спроведува во образовните институции во градот Скопје. По чистењето на студентските домови „Пелагонија" и „Гоце Делчев", како и кампусот на УКИМ, денесka сакаме да испратиме јасна порака до најмладите дека заштитата на животната средина е во нивни раце, а правилното постапување со отпадот е нивен избор, изјави помошник-директорот на претпријатието, Златко Христовски на почетокот на акцијата.
Директорот на училиштето, Блерим Небиу, им се заблагодари на екипите на претпријатието за нивната интервенција при расчистувањето на насобраниот отпад во дворот на училиштето, а акцијата ја поздрави и претставникот од општината Аеродром, Дејан Антовски, се наведува во соопштението од ЈП „Комунална хигиена"-Скопје.