Општина Берово е првата општина, која согласно Законот за финансиска подршка на Единиците на локалната самоуправа, почна со раздолжувањето, согласно обврската кон доверителите.

Како дел од владината мерка за раздолжување на општините, Берово беше меѓу првите општини кои распишаа јавен повик за доспеани, а неплатени обврски, заклучно со месец септември 2018 година.

По завршениот процес на преговарање, јас како градоначалник изготвив извештаи за вкупниот договорен износ по доверители. По претходното одобрување на извештаите од страна на Советот на Општина Берово, пристапено е кон исплата. Целокупниот процес е завршен со измирување на обврските кон доверителите, во вкупен износ од 24 милиони 389 илјади 340 денари, при што Општина Берово стана првата општина во земјата која го исплати долгот кон доверителите. Ова уште еднаш ја потврдува ажурноста на службите во општината, во завршувањето на своите обврски, вели беровскиот градоначалник Звонко Пекевски.