Вработените во секторот паркови и зеленило на Јавно поретпријатие „Комуналец“, Крива Паланка работат на расчистување, порамнување и подготовка за озеленување на нова површина од 12.000 метри квадратни долж кејот на Крива Река.
Двете страни по течението на Крива Река, од левиот и десен брег се расчистуваат од локалитетот Бабин Дол до Осички мост.
-Површината е исчистена од ниска вегетација, врби и деградирана шума, други наноси и материјали и е доведена до фаза на порамнување од левата страна на реката, како и на десниот брег на Крива Река, до ролерско-велосипедската патека. Двете површини ќе бидат подготвени за засејување трева, а подоцна, планирано е на површините да се постават и неколку цветни форми и декорации од цвеќа, изјави Драги Пејчиновски, раководител на секторот Паркови и зеленило во ЈП „Комуналец“.
Согласно годишната програма на секторот, деновиве се спроведуваат и активности за одржување и чистење на речното корито на Крива и Дурачка Река.
-Исчистен е реонот по целото течение на реката, во минор–коритото од Бабин Дол до преминот од населба Бавчалак кон градскиот зелен пазар и отстранети се сите отпадни материјали и наноси. Во рамки на уредување нови локации и озеленување јавни површини во претстојниот период ќе се врши и расчистување на локацијата кај поранешен комбинат „Треска“, простор во близина на населба Белево, покрај главната улица „Св.Јоаким Оосговски“, кој беше вапоставен и неуреден поради блокораноста со стари, хаварисани возила, додаде Пејчиновски.
Во соработка и координација со комуналните инспекциски служби и локалната самоуправа на општина Крива Паланка хаварисаните возила од оваа локација се отстранети, а Паркови и зеленило работи на култувирање на површината.