Центар за занаетчиство што ќе го користат жените од Куманово беше отворен денеска во средното училиште „Перо Наков“ во рамки на проектот „Врмежување за успех“, финансиран од Европската Унија и управуван од Канцеларијата на Европската Унија во Косово преку Програмата за прекугранична соработка Косово и Македонија. Жените ќе ги развиваат своите вештини преку опремени работилници со машини за везење, ткаење и во новоопремената кујна во рамки на училиштето, со што ќе стекнат одредени вештини и ќе станат конкурентни на пазарот на трудот. Овој проект го реализираат Националниот совет за родова еднаквост од Македонија и организацијата „Отворена врата“.

-Бенефит ќе имаат заинтересираните лица кои континуирано работат на пректот, во делот на занаетчиството и претпримеништвото, училиштето доби реновирани простории и неколку машини за везење, шиење, ткаење. Обезбедена е и техничка опрема за Музејот во Куманово, изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Савка Тодоровска од Националниот совет за родова еднаквост од Македонија, рече дека производите што ќе ги понудат учесниците во обуките, кои пак ќе ги спроведуваат стручните лица од училиштата ќе бидат понудени на поширокиот пазар, не само на регионално, туку и на европско ниво.

-Центарот можат да го користат сите кои сакаат да се доедуцираат, но и кои сакаат да го споделат знаењето-изјави Тодоровска.

Сличен ваков центар е отворен во Гњилане, информираше, Мелѓузаре Бети Мухареми од „Отворена врата“ од Приштина, а целна група се жените, кои ќе стекнат со одредени вештини, за кујна, за ткањењ и шиење, полесно ќе можат да се вработат.

На отварањето на овој центар присуствуваа претставници и од Министерството за локална самоуправа и ЕУ од каде посочија дека ваквите центри, кои овозможуваат едукација за жените, ја јакнат нејзината положба во општетсвото. Ваквата регионална соработка е особено важна, сметаат организаторите за општините, училиштата, граѓанските оорганизации кои меѓусебе соработуваат ја јакнат социјалната кохезија и економскиот напредок.

Во рамки на овој проект денеска беше организиран и базар на ракотворби на градскиот плоштад во Куманово.